Нова учебна година – нов почеток!
Со нови желби, цели и предизвици, ја започнуваме новата учебна година. Нека биде исполнета со знаење, дружење, успех и убави моменти. Со труд, дисциплина и заедничка поддршка, секој ден нека биде чекор поблиску до остварување на нашите соништа.
Среќен почеток и успешна учебна година! 📚✨

📢 Известување за учениците запишани во I година
Почитувани ученици и родители,
Со задоволство ве известуваме дека се објавени списоците со ученици по паралелки за I година за новата учебна година.
Ве молиме да ги погледнете списоците и да проверите во која паралелка сте распоредени.
Ви посакуваме успешен почеток, многу знаење, нови пријателства и убави моменти во текот на средношколските денови! 📚✨
Добредојдовте во нашето училиште! ❤️