🏃♂️🏃♀️ Одличен успех на учениците од ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ на Државното првенство во атлетика! 🏅💙🤍
На атлетскиот спортски комплекс „Соколана“ во Куманово, во одлична атмосфера исполнета со спортски дух, енергија и фер-плеј, учениците од ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ достојно го претставија своето училиште на Државното првенство во атлетика за средни училишта и остварија извонредни резултати. 💪🔥
🏅 Постигнати резултати:
🥇 Дамјан Георгиевски – 1. место на 400 м
🥇 Стефани Јанковска – 1. место, ѓуле
🥈 Јосиф Малински – 2. место на 1000 м
🥈 Даријан Ангеловски – 2. место, ѓуле
🥈 Штафета 4x100 м (Грозданова, Згонц, Јанковска, Ристовска)
🥈 Штафета 4x100 м (Ангеловски, Кајчевски, Вукелиќ, Георгиевски)
🥉 Атанас Кајчевски – 3. место на 100 м
🥉 Меланија Грозданова – 3. место на 100 м
🥉 Ива Згонц – 3. место на 400 м
🥉 Филип Блажевски – 3. место, ѓуле
Горди сме на сите наши атлетичари кои со посветеност, дисциплина и голем спортски дух уште еднаш покажаа дека ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ продолжува успешно да создава млади и талентирани спортисти. 👏
Честитки до учениците, како и до нивните професори Кристијан Кајчевски и Ана Крстевска за одличното претставување и постигнатите успеси! 🎉
