ДУФК „Методи Митевски – Брицо“, во соработка со Обласниот директорат за образование од Афионкарахисар, Република Турција, во периодите од 6–10 април и 20–24 април беше домаќин на 19 ученици и 8 наставници од три средни училишта од Афионкарахисар, во рамки на програмата Erasmus+ Learning Mobility.
Во текот на посетата беа реализирани редовни наставни часови, работилници и неформални активности, во кои заеднички учествуваа учениците и наставниците од двете земји. Активностите беа насочени кон поттикнување на креативноста, примена на иновативни наставни практики, развој на уметничка и медиумска култура, како и јакнење на социјално-претприемничките вештини кај учениците.
Оваа меѓународна соработка придонесе за размена на искуства, нови пријателства и збогатување на образовниот процес преку мултикултурно учење и заедничка работа.
Посетата заврши со свечено доделување на дипломи на учесниците од Турција, како и со симболично предавање на македонското знаме на претставниците од трите училишта од Афионкарахисар, како знак на пријателство и успешно реализирана мобилност.
#ErasmusPlus #ДУФКМетодиМитевскиБрицо #МеѓународнаСоработка #Образование #LearningMobility #ПријателствоБезГраници







