По повод 102-годишнината од раѓањето на Методија Митевски – Брицо, на 15 април со особена гордост и благодарност беше одбележан патрониот празник на ДУФК „Методи Митевски – Брицо“.
Овој значаен ден претставува можност да се потсетиме на животот, делото и вредностите на нашиот патрон, кој оставил траен белег и инспирација за многу генерации ученици, спортисти и професори.
Во чест на патрониот празник, во училиштето беа организирани повеќе спортски активности, меѓу кои и одбојкарски натпревар, каде учениците покажаа спортски дух, тимска игра, енергија и фер-плеј – вредности кои достојно го отсликуваат духот и идеалите на Методија Митевски – Брицо.
Преку заедничкото дружење, спортските натпревари и свеченото одбележување, уште еднаш беше потврдена важноста на традицијата, заедништвото и почитта кон историјата на нашето училиште.
Нека патрониот празник биде поттик за сите нас да продолжиме да се стремиме кон успех, знаење, спортски дух и вистински вредности, носејќи го името на нашето училиште со чест и гордост.
Среќен патронен празник на сите ученици, професори и пријатели на ДУФК „Методи Митевски – Брицо“! 💙

