ИНТЕРЕН ОГЛАС
2026-04-09 10:38:38И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С за пријавување за упис на ученици во прва година во првото пријавување во јунскиот уписен рок во учебната 2026/2027 год.
Врз основа на Конкурсот на Министерството за образование и наука за упис на ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија и Статутот на училиштето, Училишната уписна комисија во состав:
1. Љупчо Станковски - претседател
2. Бесим Рамадани - член
3. Тони Станчески- член
4. Нехат Хаџиу- член
5. Горки Кондовски– член
О б ј а в у в а:
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за пријавување за упис на ученици во прва година во првото пријавување во јунскиот уписен рок во учебната 2026/2027 год.
Во Државното училиште за физичка култура ,,Методи Митевски - Брицо,, - Скопје за наставен план за стручно гимназиско образование - спортска гимназија, во учебната 2026/2027 год. во прва година, во јунскиот уписен рок, во двете пријавувања ќе се запишат вкупно 204 ученици од кои 136 ученици во 4 паралелки на македонски наставен јазик и 68 ученици во 2 паралелки на албански наставен јазик.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
Услови за запишување на учениците во прва година
Право на упис во училиштето имаат сите ученици кои завршиле основно образование и не се постари од 17 години, а ученик со посебни образовни потреби да не е постар од 25 години“.
Критериуми за избор на учениците
Потребен минимум поени со кои ученикот може да се пријави за упис е 50, и тоа според следните критериуми:
- среден успех од VI до IX одделение;
- среден успех по предметите мајчин јазик, странски јазик, биологија и физичко и здравствено образование
- дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирани здруженија на наставници за реализација натперевари во основно образование од страна на Министерство за образование и наука.
- средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (македонски јазик, англиски јазик,биологија и физичко воспитание), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени и тоа:
-
За освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени. ;
-
За освоено прво место од државни акредитирани натпревари: 3 поени На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во училиштето ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот и ги задоволуваат потребните критериуми за упис во училиштето.Примената на оваа афирмативна мерка се врши по завршување на рангирањето и не влијае врз статусот на веќе рангираните кандидати кои го исполнуваат минималниот пропишан број поени.
За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.
Учениците кои не го исполнуваат минимумуот од 50 поени не ќе можат да поднесат електорнска пријава за упис во првото пријавување од јунскиот уписен рок.
Обврска е документите да ги поднесе лично ученикот, родителот или неговиот старател.
Учениците од ДУФК ,, Методи Митевски – Брицо,, - Скопје кои ја повторувале годината направо се должни да се запишат во првото пријавување во првиот уписен рок.
За учениците од училиштето кои се упатени на поправен испит во јунската и августовската сесија, а нема да положат , училиштето е должно да им обезбеди места во рамките на предвидениот број на ученици според Конкурсот и тие ке се запишат во августовскиот уписен ро.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:
По успешното електронско пријавување, со училиштето, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
1. Пријава за запишување (пријавата учениците можат да ја генерираат со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги);
2. Оригинални свидетелства од VI до IX одд.
3. Оригинален извод од матичната книга на родените без оглед на датумот на издавање
4. Дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари и I место на државен напревар.
5. Проценка за попреченост од системот за проценка на лица со пореченост.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши преку електорнско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:
➢
Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.
➢
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 16 јуни 2026 година од 8:00 часот до 19:00 часот и 17 јуни 2026 година од 08:00 часот до 15:00 часот.
➢
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 на огласната табла во училиштето или на училишната интернет страница.
➢
Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година од 00:00 часот до 23:59 часот .
➢
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 24 јуни 2026 година од 08.00 до 15.00 часот.
➢
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2026 година , најдоцна до 12.00 часот на огласната табла во училиштето или на училишната интернет страница.
По објавувањето на конечната ранг листа учениците кои не се запишани во училиштето, се должни задолжително во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите да ја подигнат целокупната документација поднесена до училиштето.
АВГУСТОВСКИ УПИСЕН РОК:
➢
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување може да се запишат доколку има слободни места и ги исполнуваат истите услови пропишани со овој оглас,после јунскиот рок. Пријавувањето на учениците ќе се врши на 20 август 2026 година од 00.00 часот до 15 часот електронски.
➢
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 21 август 2026 година од 08.00 часот до 14.00 часот.
➢
Конечната ранг листа со резултатите ќе се објави истиот ден најдоцна до 19.00 часот.
➢
По објавувањето на конечната ранг листа учениците кои не се запишани во училиштето, се должни задолжително во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите да ја подигнат целокупната документација поднесена до училиштето.
Доколку во првото пријавување во првото пријавување се исполни предвидениот број на ученици нема да се организира второ пријавување.
07. 04.2026 год. Претседател на Училишна комисија,
С К О П Ј Е Љупчо Станковски
-------------------------







