Државно училиште за физичка култура
Методи Митевски – Брицо - Скопје

Катерина Ацевска ученичка во ДУФК Методи Митевски - Брицо Скопје, со две златни медали се враќа од Словенија

2020-03-09 17:43:57



Изминатиов викенд (07/08.03.2020) во Марибор, Р. Словенија се одржа Еврооски Куп во џиу џицу борби и НеВаза. 300 борци од повеќе Држави и тоа: Германија, Австрија, Р. Српска, Србија, Романија, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Словенија, Полска.
Катерина Ацевска беше пријавена во двете дисциплини, борби У18 +70 кг и НеВаза У18 +70кг.
И во двете дисциплини го освои првото место, златен медал.
Во борби во полуфинале победи против Словенија а во финале против борец од Р. Српска, додека во НеВаза во полуфинале победи против Романија а во финале против борец од Австрија.

Корисни линкови

AMS
eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner