Државно училиште за физичка култура
Методи Митевски – Брицо - Скопје

Патрон на училиштето

2014-11-10 13:05:13



 

Методија Митевски Брицо. Роден е на 15 април 1924 г. во Делчево, во сиромашно семејство од татко Зафир - занаетчија бербер и мајка Зуица, домаќинкa. Основното образование го завршува во Делчево, а понатамошното школување го продолжува во Штип.

 

Биографија и дејност

 

Тој со своето знаење и со своите стремежи за слобода и независност на македонскиот народ, му овозможува да стане член на револуционерното движење . Тој редовно присуствувал во тајните кружоци на ова дружина која била преодводена од Ванчо Прќе и активно се вклучува во организацијата на младите Пијанец, со една главна цел, да ја ослободат Македонија. Гимназија завршува во Штип, а правен факултет во Скопје. Брицо и покрај тоа што е учесник во НОБ од 1941 год. тој е и член на СКОЈ, а во комунистичката партија на Македонија е примен во 1943 год.Тој е првиот секретар на националниот комитет на Малеш и Пијанец претседател на Штипската и Малешевската околија, секретар на околниот комитет на КПМ во Битола. Брицо зазема доста високи функции во владата на Македонија како секретар, а во 1960 год. е наименуван за државен секретар по замјоделие и шумарство, а истовремено и потпретседател на извршниот совет во Македонија и како член на Полит-бирото ЦК ЦКМ, и пратеник на Народното собрание на Македонија. Тој добивал и повеќе ордени меѓу кои најзначајни се: Орден за заслуги за народот од II ред и Орден братство и единстви од II ред.

 

Брицо живеел 38 години од неговиот живот, но целосно поставен за Македонија. Тој несреќно загинува во водите на Охридското Езеро.

Корисни линкови

AMS
eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner