Државно училиште за физичка култура
Методи Митевски – Брицо - Скопје

Лична карта на училиштето

2014-10-13 09:26:40



           

ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО

 

Име на училиштето:

“Методи Митевски Брицо“ - Скопје

Вид на училиштето:

Државно училиште за физичка култура

Наставни јазици:

Македонски и Албански јазик

Број на паралелки:

24

Број на ученици:

655

Директор на училиштето:

Љупчо Станковски

Адреса на училиштето:

ул. „Димче Мирчев“ бр. 1, Скопје

Општина:

Центар

Телефон/факс:

389 02 3166 550

E-mail:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Државното училиште за физичка култура  "Методи Митевски-Брицо" од Скопје се наоѓа на улица “ Димче Мирчев” бр 1, во општината ,,Центар,,- Скопје. Тоа е единственото училиште во државата во кое се воспитуваат и образуваат ученици кои го негуваат  спортот, ученици на кои спортот им е животна определба, или пак се љубители на спортот и рекреацијата. Наставата во училиштето се одвива на  македонски и албански наставен јазик, а во  училиштето наставата ја следат ученици од територијата на целата држава.

 

Во сите активности во организација на Сојузот на училишен спорт, МОК ,Сојузот на спортови и други спортски асоцијации, учениците од училиштето земаат масовно учество, со што физичката култура во градот и Републиката се издигнуваат на повисоко ниво, а училиштето е прогласено за најквалитетен и најмасовен учесник во сите спортски манифестации и натпревари.

Покрај учеството во масовните спортови, во училиштето се воспитуваат и образуваат истакнати спортисти во индивидуалните спортови, чии резултати ги надминуваат државните граници, така што во училишните клупи поминале или минуваат голем број  балкански и европски асови, како и учесници на Олимписки игри. Програмска заложба на училиштето е во следните години преку заедничка соработка со сите спортски асоцијациида се создаваат квалитетни и пред се образовани кадри, кои достоинствено ќе ја претставуваат нашата држава во светот, а истовремено ќе се влијае врз постојано елиминирање на сите негативни појави кои го следат спортот.

 

Сите активности во училиштето се здрава основа за изградба на психофизички силна личност, со здраво тело и здрав дух, а истовремено  широка пропаганда и превентива во борбата против големите зла на човештвото: алкохолизмот, наркоманијата, никотиноманијата и др.

 

 

 

 

 

 

Корисни линкови

AMS
eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner