Државно училиште за физичка култура
Методи Митевски – Брицо - Скопје

Историјат на училиштето

2014-11-03 04:04:04



Државното училиште за физичка култура ,, Методи Митевски – Брицо,, е основано со решение на Комитетот за физичка култура при владата на НРМ бр.153 од 16.01.1950 год. како прво училиште кое подготвуваше наставен кадар од областа на физичкото и здравственото воспитание, т.е. учители по физичко и здравствено воспитание. Тоа е прво училиште за наставен кадар во Н.Р.М. во кое школувањето траеше четири години.Основањето на  училиштето е последица на динамичниот и брз развој на училишната мрежа и физичката култура во Републиката, како и од потребата од наставен кадар од ова подрачје.

Во текот на своето повеќе од шест децениско постоење училиштето секогаш во прв план ја имаше заложбата максимално да одговори на потребите на општеството образувајќи и воспитувајќи висококвалитетни кадри кои достојно ја претставуваа државата на сите нивоа (балканско, европско, светско и олимписко ниво).

Современиот развој и потребата за квалитетно средно образование кое ќе обезбеди солидна вертикална и хоризонталан проодност на училиштето доведе до размислување за трансформација на училиштето во спортска гимназија, така што истата е направена  со решение на Министерот за образование и наука  бр.11-4186/2 од 19.07.2005 год.

Со трансформацијата на училиштето во посебна стручна гимназија    се надминаа проблемите со кои подолго време се среќаваа учениците и вработенитe, како што се застарените наставни програми, така што  наставниот план за спортска гимназија како флексибилен овозможува современа образовна програма која треба да ги задоволи потребите на поединците, високото образование, пазарот на трудот и општеството.

По завршувањето на првата генерација на ученици по наставниот план за спортска гимназија училиштето направи анализа и согласно резултатите поведе иницијатива за измени и дополнувања на наставниот план за спортска гимназија и истите беа донесени во 2010 год. така што учениците кои се запишаа во прва година во учебната 2010/2011 работеа според новиот, изменет и дополнет наставен план за спортска гимназија.

Корисни линкови

AMS
eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner