Државно училиште за физичка култура
Методи Митевски – Брицо - Скопје

Нов ѕиден мурал го краси нашето училиште

2020-10-20 00:20:26

Иднината е светлина кон која одиме низ животот, а факелот со кој ја осветлуваме е во нас, во нашето знаење, култура, воспитување, креативност како и во нашето образование. Главната мисија, визија и заложба на нашето училиште е во насока на спојување на интелектуалните, моралните , емоционалните и творечките потенцијали кај една личност со неговиот правилен психофизички развој, а истата таа личност да даде најголем можен придонес за себе и за другите. Пример за една таква личност, а воедно и гордост на ова училиште е нашата поранешна ученичка Бојана Станковска, сегашен студент на Архитектонскиот факултет, која заедно со ликовниот уметник Бојан Стојкоски беа носители на еден креативен настан во нашето училиште –“ Изработка на мурал во централниот дел на училиштетo,, кој претставува симбиоза на две кохерентни гранки- уметноста и архитектурата, а во себе ги има внесено и личните гледишта на еден ученик кој во ова училиште ја има изградено својата личност. Успехот на проектот и неговата брза реализација не би бил возможен без вас двајца, а ова ваше дело секогаш ќе буди восхит и мотивација за нас и за нашите идни ученици. Од името на сите вработени и ученици во училиштето ви упатуваме најголема благодарност и ви посакуваме иднина во која ќе ги достигнете сите успеси и во која ќе продолжите да чекорите кон патот кој веќе самите го имате трасирано.

Корисни линкови

AMS
eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner